СДСМ: Се зголемуваат пензиите за 330.000 пензионери

СДСМ најавува дека од март 330.000 пензионери ќе добијат поголеми пензии.

Со мартовската пензија, како што појаснуваат, следува историско зголемување на пензиите за 8,4 отсто за сите 330.000 пензионери.

„Просечната пензија ќе се зголеми од 17.666 на 19.150 денари. Преку одговорни и ефикасни политики, Владата предводена од СДСМ за само една година од март 2022 до март 2023 година ги зголеми пензиите за 18 проценти, што досега не се случило.

Благодарение на новата корективна методологија, со која пензиите двапати годишно се корегираат со зголемување на трошоците за живот и зголемување на просечната плата, се обезбедува континуирано зголемување на приходите од пензиите“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од таму додаваат дека институциите продолжуваат да се грижат за пензионерите, кои, како што велат од таму, мора да живеат достоинствено.