СДСМ: Уставните измени се за продолжување на европскиот пат на државата

Уставните измени се за продолжување на европскиот пат и ќе обезбедат европска иднина на државата и нејзините граѓани, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

„Важноста на историскиот момент со кој се соочува земјата е суштинска и таа мора да направи чекор напред во процесот на евроинтеграции.

Вратите на ЕУ се отворени, поддршката од стратешките партнери е силна и јасна.

ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи да го блокира донесувањето на уставните амандмани, потопени се сите лаги до една.

Прво шират страв и паника за асимилација и бугаризација и македонскиот јазик како бугарски дијалект. Не само што нема асимилација или бугаризација, туку го имаме заштитено македонскиот јазик и идентитет“, велат од СДСМ.

Од таму велат дека паднала во вода и реториката за бугарски диктат, преговорите не се прават со Бугарија, туку со Европската Унија. Рамката за преговори е одобрена од сите земји-членки на ЕУ и уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ е дека може повторно да се преговара.