Податоците што ги објави Државната агенција за статистика покажуваат дека цените на мало во октомври, кога се спроведуваше владината мерка, се „намалат“ само за 0,1 отсто, велат од СДСМ.
„Се потврди тоа што го кажа СДСМ и што граѓаните секојдневно го чувствуваат – нема намалување на цените на пазарите. Колапс на владините мерки, кој се покажа дека нема ефект и не даде резултати.
Затоа, Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да го заменат политичкиот гнев со прифаќање на предлогот на СДСМ за симнување на ДДВ за храната, со што граѓаните реално ќе заштедат и до 2000 денари месечно“, велат од СДСМ.
Од таму велат дека пакетот од три мерки на СДСМ значи повисоки плати и поевтини цени на прехранбените производи.