Сеад Слезовиќ е вториот македонски државјанин кон кого било пукано ноќеска во Ханиоти, објави Прототема.
Тој е потешко повреден и пренесен на лекување во болницата Полигирос. Слезовиќ бил во придружба односно заедно отпатувал за Грција со Орхан Бајрами Оки, кој беше ликвидиран во вооружениот напад односно кога две лица со качулки почнале да пукаат кон апартманот во Ханиоти во кој биле двајцата македоснки државјани.
Според неофицијалните податоци убиениот Орхан Бајрами бил сопственик на казино во Македонија, а во него пукале лица на мотор кои се приближиле до апартманот каде престојувал заедно со Слезовиќ. Требало да се одјават од собата во 12 на пладне а неофицијално во Грција биле бидејќи бегале и им била најавена ликвидација.
Грчките медиуми пренесуваат и дека негов бизнис партнер неодамна бил егзекутиран во соседна држава.