Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц е обвинет за лажно сведочење пред Парламентот, соопшти денеска Обвинителството за економски криминал и корупција (WKStA).
Себастијан Курц и неговиот поранешен одговорен на кабинет, Бернхард Бонели, „се обвинети за лажно сведочење пред таканаречениот истражен комитет „Ибица“ на австрискиот Парламент…поврзано со наводната корупција на неговата влада“, соопшти Обвинителството.
Судењето ќе почне на 18. октомври, а доколку биде прогласен за виновен, на Себастијан Курц му се закануваат три години затвор, соопшти судот во Виена.
Конзервативниот политичар ја напушти функцијата во 2021 година, откако обвинителите почнаа да го испитуваат него и девет други под сомнение за злоупотреба на довербата, корупција и поткуп со различно ниво на вмешаност.