Северина за „порничот“: Прво помислив: „О Боже, како ќе реагира мојата класен раководител од средно…“
Северина Вучковиќ се присети на триесеттите и откри што најмногу ги одбележало истите…
Најпопуларната локална пејачка Северина Вучковиќ често привлекува големо внимание во јавноста, а така беше и овој пат кога наиде на прашање што најмногу ги одбележа нејзините триесетти.
– Моите триесетти беа, ух… Штотуку ја завршив турнејата „Вирујен у те“, а почетокот на триесеттите ми го одбележа филмот … Најлошото нешто за мене во тој период беше што помислив: „Исусе, како ќе реагира мојот класен од средно. Тој беше првиот што ми падна на памет, тој беше само прекрасен, плашлив, мирен човек. Дури подоцна помислив на мајка ми, но за мама се разбира дека таа секогаш ќе биде со тебе, затоа што те познава. Шест месеци бев дома – искрено изјави Северина за Глорија.
Да потсетиме, Севе, како што љубезно ја нарекуваат, неодамна го прослави својот 52 роденден, а на социјалната мрежа Инстаграм сподели бројни честитки кои ги доби, а објави и неколку видеа од роденденската прослава што ја приреди за семејството и пријателите во познат загрепски ресторан. На социјалната мрежа ТикТок објави и видео на кое е во танцова екстаза додека во позадина свири хитот на Лепа Брена „Коловоѓа“, а на Инстаграм сподели и видео на кое членовите на семејството и пријателите и испраќаат честитки, а нзјемотивна беше таа на мајкаа и Ана.