„СЕВЕРИНА НА КОНЦЕРТ ГО ДОНЕСЕ СИНОТ НА СЦЕНА“ Емотивен момент на настапот! Александар не престанува да се смешка покрај мајка си, а таа го гушка додека ја пее оваа песна

Северина пред два дена настапи во Самобор, а на сцената и се придружи и синот за време на изведбата на песната „Rođeno moje“.

Пејачката за овој настан избра црн костум, ги изведе своите бројни хитови, а потоа следеше најемотивната сцена – на сцената и се придружи синот Александар, кој постојано се смешкаше.

Александар бил на сцената многу кратко и не кажал ништо, а Северина го прегрнала пред да ја напушти сцената.

Инаку, песната „Rođeno moje“ е најемотивната и најубавата балада на Северина. Северина ја објави оваа песна во 2019 година, која ја посвети на нејзиниот син Александар.

Северина

Инаку, Северина Вучковиќ поминува низ тежок период откако Врховниот суд ја поништи одлуката на Жупанискиот суд за заедничко старателство на пејачот и Милан Поповиќ над нивниот син Александар, а старателството над момчето го додели на таткото.

Да потсетиме, Северина Вучковиќ неодамна имаше голем концерт во Јахорина, а на публиката и се обрати со овие зборови:

– Не станав од кревет 4 дена. Потоа станав, морав да се облечам, да се нашминкам, да си ја средам косата и да ви се поклонам – рекла Северина и добила аплауз од публиката.

– Најпрво да им се поклонам на сите мали и слаби жени кои ми дадоа сила … Колку убаво ми рече претседателот на Врховниот суд, на големите и моќните…