Северина на настап ги мирисаше гаќите на своите фанови! Пејачката се надмина себе си а нејзиниот гест крена голема прашина! (фото)
Северина Вучковиќ со години е на естрадата, но не престанува да интригира, без разлика дали се работи за нејзиниот приватен или деловен живот.

Неодамна ја изненади јавноста кога среде настап го смени текстот на песната за да го испровоцира поранешниот партнер, а сега се надмина себе си.
Во Хрватска на еден од настапите, како и обично, направи хаос, а публиката инстантно падна во транс, а во таа прилика некој директно пред неа фрли парче долна облека.
Северина ги зеде гаќите и ги помириса на сред бина и продолжи да пее. За ситуацијата да биде уште поинтересна, таа го сподели ова на својата социјална мрежа Инстаграм.

Овој гест беше проследен со громогласен аплауз и смеа, а Северина уште еднаш испиша историја кога се во прашање храбрите потези.