Илјадници американски војници стигнаа до Црвеното Море по тензиите со Иран

– Повеќе од 3.000 американски воени лица пристигнаа на два воени брода како дел од засилениот одговор на Вашингтон откако Иран заплени танкери во Црвеното Море, соопшти американската морнарица.

Како што се наведува, „распоредувањето придонесува на растечкото американско воено трупање во напнатите водни патишта во Заливот кои се клучни за глобалната трговија со нафта, што го натера Техеран да ги обвини САД дека ја поттикнуваат регионалната нестабилност“.

Американската војска соопшти дека Иран или запленил или се обидел да ја преземе контролата над 20 бродови со меѓународно знаме во регионот во последните две години.

Американските морнари и маринци пристигнаа во Црвеното Море во неделата откако минаа низ Суецкиот канал по однапред објавен распоред, објави Петтата флота на американската морнарица.

Тие пристигнаа на воените бродови, обезбедувајќи „поголема флексибилност и поморска способност“ на Петтата флота, се додава во соопштението на командата со седиште во Бахреин.

„Распоредувањето придонесува за напорите за одвраќање на дестабилизирачките активности и деескалација на регионалните тензии предизвикани од вознемирувањето и запленувањето на трговските бродови од Иран“, рече Тим Хокинс, портпарол на Петтата флота.