Судот во Загреб ја прогласи за виновна за навреда на социјален работник.
Според ПР тимот на пејачката, таа ќе поднесе жалба во врска со оваа одлука.
– Северина не навреди нккого туку протестираше за незаконското постапување на Центарот и најави дека ќе ги пријави и јавно ќе ги објави нивните незаконски постапки. Северина секако ќе се жали на оваа одлука – наведуваат од ПР тимот и меѓу другото ја додаваат информацијата дека Северина се грижи и за ќерката на нејзината сестра.
– Во конкретниот случај станува збор за разговор со социјалниот работник откако од таму ја известиле Северина дека ќе одат да ја нагледаат и за да проверат во какви услови живее нејзината мајка, иако претходно истата социјална работничка тврдеше дека ќе ја игнорира пријавата на нејзината сестра, бидејќи ја виделе мајка и’ во нејзиниот дом и виделе дека жената е добро и дека добро е згрижена. Но, поради притисокот на поранешниот финансиски моќен партнер, за кој има и писмени докази, Центарот сепак решил да дојде во просториите во кои живее мајката на Северина, што било понижувачко за 86-годишната жена за која се грижи Северина. Надзорот, секако, утврдил дека Северина се грижи за својата мајка, како што го чувала своето дете на најдобар можен начин од самото раѓање. Инаку, сестрата на Северина не ја видела нивната мајка со години пред тоа, а Северина освен што се грижи за мајка си и детето, се грижи и за ќерката на сестра си од нејзината 19-та година – велат од ПР тимот на пејачката, пренесува Story.hr.
За потсетување, пејачката беше тужена за насилство и од сопствената сестра, па ова не и’ е прво искуство со судиите и обвинителството.