СЕВЕРИНА СО КРАТКА РУСА КОСА! Фотографија од младоста ги преплави социјалните мрежи, пејачката е копија на МЕРЛИН МОНРО!
Хрватската музичка ѕвезда Северина Вучковиќ многу се грижи за својот изглед, па не е ни чудо што многумина ја сметаат за една од најубавите жени.
Иако со години и останува верна на својата долга, темна коса, фризурата на Северина е тотално поинаква на фотографијата која неодамна го здогледа светлото на денот.
На социјалната мрежа Инстаграм се појави фотографија од почетокот на нејзината кариера, а најмногу внимание на корисниците на оваа платформа привлече фризурата на Северина, која е сосема поинаква од онаа на која сме навикнати.
Имено, кратката фризура стилизирана во стилот на Мерлин Монро, која беше многу популарна во тоа време, сведочи дека познатата пејачка секогаш била во чекор со трендовите, а насмевката која ја краси сликата и денес е нејзин заштитен знак.
Во однос на тоа како изгледала на почетокот на кариерата, евидентно е дека има некои промени, што е и очекувано, но најмногу се фалеше фризурата на Северина и многумина и предложија на пејачката да биде смела и да се врати на стариот имиџ.