Северна Кореја ги обвини САД за колапсот на меѓународниот систем за контрола на оружјето

Северна Кореја денеска ги обвини САД за „колапсот на меѓународниот систем за контрола на вооружувањето“ и порача дека нуклеарната програма на Пјонгјанг е вистинскиот потег за обезбедување мир и стабилност на Корејскиот полуостров.

Во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи, кое го пренесува државата новинската агенција КЦНА, се наведува дека САД, Јужна Кореја и Јапонија ја преминале границата на опасност што не може да се толерира.