– Северна Кореја во текот на ноќта лансираше околу 350 балони со ѓубре кон Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската армија.
Тоа е петто вакво лансирање од крајот на минатиот месец, пренесува Јонхап.
Околу 100 балони, главно со отпадна хартија и други отпадни материјали, слетале во Сеул и во северниот дел на провинцијата Кјонги, соопшти Генералштабот на корејската армија