Обединетите нации (ОН) проценуваат дека населението во земјите од Западен Балкан до 2050 година ќе се намали за околу три милиони жители. Ако лани населението беше 16.977.000 милиони жители, до 2050 година ќе се намали на 13.975.000 милиони жители.
Според проценките на ОН, населението на Македонија од 1.836.000 милиони жители ќе се намали на 1.519.000, што е намалување за 17,3 отсто.
Најголемо намалување на бројките се предвидува за Србија, која лани имала 6.788.000 милиони жители, додека во 2050 година, според ОН, се предвидува да има 5.554.000 милиони, односно 1,2 милиони жители помалку, што е намалување за 18,2 отсто.
Додека, процентуално, најголем пад на населението ќе има во Босна и Херцеговина и Албанија.
ОН наведуваат дека Босна и Херцеговина, од 3.194.000 милиони жители лани, во 2050 година ќе има 2.469.000 милиони жители, што е за 22,7 отсто помалку, а Албанија од 2.822.000 милиони жители ќе „падне“ на 1.2.005.
Додека населението во Црна Гора ќе се намали за 14,8 отсто, односно од 628.000 ќе има 535.000 жители.