Севернокорејскиот лидер Ким ги посети фабриките за оружје и повика на зголемување на производството на проектили
– Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ги посети фабриките за оружје во текот на викендот и повика на зголемување на производството на проектили, објавија денес државните медиуми.
Ким им дал насоки на терен на големите фабрики за муниција, вклучително и на фабриката која произведува тактички проектили, соопшти Корејската централна новинска агенција.
Се наведува дека Ким го изразил своето задоволство што фабриката за оружје се подобрила во научната и технолошката област.
Ким постави цели за фабриките „драстично да го зголемат постоечкиот капацитет за производство на проектили“.
Тој повика на масовно производство на проектили согласно потребите на „системот на проширени и зајакнати единици на фронтот и ракетните единици, како и оперативните планови“.
Посетата на Ким на фабриките за оружје се случува во период кога Соединетите Американски Држави (САД) и Јапонија планираат „заеднички да развијат нов тип проектили за пресретнување хиперсонични ракети“.