“СЕГА ВЕЌЕ СЕ Е ЈАСНО!“ – Погледнете кому Џорџ Сорос му ја препушта својата империја од 25 милијарди долари – многумина се целосно запрепастени !?
Милијардерот и филантроп Џорџ Сорос му го препушти раководството на својата империја вредна 25 милијарди долари на својот 37-годишен син. Александар Сорос, кој беше избран за претседател на Фондацијата „Отворено Општество“, со што стана прв човек на една од најбогатите филантропски институции во светот.
Во интервју за The Wall Street Journal, Александар Сорос сигнализираше дека Фондацијата „Отворено Општество“ ќе одигра значајна улога на претстојните претседателски избори во САД во 2024 година.
Тој се опишува себеси како „пополитички“ од неговиот татко и тврди дека е загрижен за можноста Доналд Трамп да се врати во Белата куќа.
Да потсетиме дека Џорџ Сорос е еден од најголемите политички донатори на Демократска партија. Александар Сорос неодамна се состана со претставници на администрацијата на Џо Бајден , како и со Чак Шумер, лидерот на мнозинството во Сенатот, и со канадскиот премиер Џастин Трудо. Да напоменеме дека неговото назначување на споменатата функција беше прилично шокантно.
Во минатото, Џорџ Сорос конкретно изјави дека не сака неговата фондација да се префрли на едно од неговите деца „од принципиелни причини“. Сега, сосема е јасно, тој ги променил своите размислувања и одлуки.
Долго време, многу коментатори велеа дека постариот полубрат на Александар, Џонатан Сорос, бил природен наследник на империјата на неговиот татко, но тој го напуштил инвестицискиот бизнис на Џорџ Сорос откако наводно се влошиле односите со неговиот татко.
Да споменеме и дека Александар е и претседател на Democracy PAC, групацијата за финансирање на политичката кампања на Џорџ Сорос, и е единствениот член на семејството во инвестицискиот одбор на Soros Fund Management, кој го надгледува финансирањето и фондациите на „Отвореното Општество“ и на самото семејство Сорос.
Фондацијата „Отворено Општество“ годишно дава околу 1,5 милијарди долари за групите за човекови права, граѓанското општество и, како што тврдат, изградбата на демократијата.