Сега е главна фаца на социјалните мрежи а пред неколку години никој не ја препознаваше: Стари фотографии од Ања Бла – велат дека заработува повеќе од Бака Прасе!

Босанската инфлуенсерка Ања Бла имаше голем број следбеници на социјалните мрежи пред да се открие дека е во врска со Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе. Откако Бака пред неколку години објави видео во кое зборува за неа и признава дека се заљубил, Ања Бла стана една од најпопуларните „фитнес лица“ што ги видела балканската јавност!

Пред извесно време се зборуваше дека Ања Бла заработува повеќе од своето момче Богдан, а сега нејзините слики „пред слава“ се популарни на социјалните мрежи.

Познато е дека Ања не се двоуми да ги сподели резултатите од напорните тренинзи кои постојано ги објавува, а тоа најчесто го прави позирајќи во костими за капење или топови и хеланки кои ја истакнуваат нејзината фигура, поради што старите слики добија огромно внимание.

И Ања на нив „личи на себе“, но забележливо е дека усните и’ се потенки и дека го немала истиот моден стил.