Сега конечно се е готово: Мбапе и официјално го напушта ПСЖ!

Сагата околу престојот на Килијан Мбапе во Париз конечно заврши! Францускиот напаѓач го известил претседателот на ПСЖ, Насер Ал Хелаифи дека ќе си замине како слободен играч на крајот од сезоната!

Информацијата ја пренесоа сите релевантни светски медиуми, вклучувајќи ги и инсајдерите за трансфери како Фабрицио Романо и Дејвид Орнштајн.

Одлуката сега е извесна и нема да се менува, а клубот ќе остане во контакт со фудбалерот до крајот на соработката за да комуницира за начинот на кој ќе функционира неговиот понатамошен престој во тимот.

Најмногу профитираше Реал Мадрид од целата ситуација, а сега и од пишувањата на светските медиуми кои уште порано тврдеа дека работата е при крај и како имаат смисла.

Мбапе му се приклучи на Чарижани во 2018 година во трансфер вреден 180 милиони евра, а оттогаш на 290 натпревари постигна 243 гола! Пет пати ја освои Лигата 1, три пати Купот и Суперкупот, како и два Лига Купа и едно финале во Лигата на шампионите.