„Сега ќе ти покажам!“: Момчето ги изговорило овие зборови пред да го убие својот брат! Приведени се и тој и неговата баба (фото)

Страшна трагедија се случи денеска во село кај Младеновац, каде брат (14) со истрел од ловечка пушка го убил својот брат (12).

Момчето (14) кое е осомничено дека го убил својот брат е уапсено и ќе биде изведено пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Белград. Исто така, неговата баба В.Л. (66) е уапсен поради сомнение дека сторил кривични дела неовластено изработување, држење, носење и пуштање во промет на оружје – тешко дела против општата безбедност, како и предизвикување општа опасност. Како што пишуваат српските медиуми, постои сомневање дека момчето ја нашло пушката во нејзината соба.

Наводно, момчето земало веќе наполнета пушка и на шега рекол „Сега ќе ти покажам“, потоа пукал и го убил братот.

Штом сфатил што направил, го фрлил оружјето, врескајќи „Го убив брат ми“ истрчал од дворот.

Тој не се обидол да избега.

Инаку, соседите имаат само пофални зборови за ова семејство, кои велат дека и таткото и децата се прекрасни.