НАСА по слетувањето на леталото на Месечината: Вашата нарачка пристигна

Американска компанија испиша историја со тоа што стана првата комерцијална фирма која слета вселенско летало на Месечината.

Intuitive Machines од Хјустон го приземји својот робот, Одисеј, во близина на лунарниот јужен пол.

НАСА реагираше откако леталото слета на Месечината. „Вашата нарачка е доставена…на Месечината!“, напиша НАСА на социјалните мрежи.

„Беспилотниот лендер на Месечината (Intuitive Machines) падна во 18:23 часот по средноевропско време (2323 UTC), носејќи ја науката на НАСА на површината на Месечината. Овие инструменти ќе не подготват за идното човечко истражување на Месечината под Артемида“, напиша вселенската агенција на платформата X.

Администраторот на НАСА, Бил Нелсон, изјави за време на емитувањето дека „денес, за прв пат по повеќе од половина век, САД се вратија на Месечината“.

„Денес е ден кој ја демонстрира моќта и ветувањето на комерцијалните партнерства на НАСА. Честитки до сите вклучени во оваа голема и храбра потрага“.

Аплауз и славење можеа да се слушнат на преносот во живо на Intuitive Machines.

Инаку, Intuitive Machines го прекина полувековното отсуство на САД на површината на Месечината.

Потсетуваме дека последен пат американска направа нежно влезе во лунарната почва беше мисијата Аполо во 1972 година.