Неексплодирана граната е пронајдена во Куманово

Министерството за внатрешни работи соопштува дека вчера во Куманово била пронајдена неексплодирана граната

„На 22.02.2024 година во Министерството за внатрешни работи Куманово, Ш.Б.(55) од с.Хотел, општина Ликова, пријавил дека во кумановско Бедиње, додека вршел работа со работна машина на патот, пронашол граната.

Пиротехничко лице на Дирекцијата за одбрана и спасување ја извадило гранатата и констатирало дека се работи за минофрлачка граната со кородирање калибар 120 мм.

Полициска екипа од СПБ Куманово извршила увид на местото на инцидентот.