ВИДЕО | Што се случува со Реџеп Таип Ердоган !? На ‘султанот’ му се слоши среде интервју: “Се извинувам…“

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во вторникот го прекина телевизиското интервју во живо, а потоа се врати и се извини, објаснувајќи дека имал кратка стомачна болка.

69-годишниот турски претседател одржал три предизборни говори во вторникот пред парламентарните и претседателските избори закажани за 14. мај.

Претходниот ден накратко беше прекинато интервјуто во живо за Ulke TV и Канал 7.

Сепак, неговото телевизиско појавување и пред тоа беше одложено за повеќе од 90 минути, а потоа тој го прекинал разговорот во средината на десетата минута од гостувањето.

Камерата се затресе, а новинарот кој го постави прашањето веднаш стана од столот кога преносот беше целосно прекинат. Од зад камерата се слушало неидентификуван глас како воздивнува.

Реџеп Таип Ердоган се вратил околу 15 минути подоцна и се извинил и објасни дека му е лошо.

Вчера и денес беа напорни денови. Затоа добив стомачен вирус“, кажал турскиот претседател по враќањето.

Во еден момент се запрашав дали би било погрешно разбрано ако го откажеме интервјуто. Но, ветивме. Барам прошка од вас и од нашата публика“, додал тој.

Неговото лице изгледало уморно, а очите му се стесниле додека зборувал

Турскиот претседател потоа одговорил на уште неколку прашања пред да го заврши интервјуто.

Интервјуто на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган и неговата партија доминираа со турската политика во последните 20 години. Сепак, оваа изборна кампања претставува еден од најтешките предизвици на турскиот претседател за време на неговото долго владеење.