„Седна на квад, па се заби директно во дрво“ Камерата сними се, но тоа не е крајот на приказната

Изгледа дека типот не знаел да ја „совлада“ својата машина

На социјалните мрежи кружи видео од необичната случка , но не се знае каде и кога е снимена.

Во преден план е момче кое седи на квад, го стартува, а моменти подоцна директно удира во дрво.

Изгледа дека не знаел да ја „совлада“ својата машина, додека информациите на мрежите укажуваат на поинакво сценарио, пренесува Daily Mail.

Имено, се тврди дека младиот човек се обидел да го украде, но завршил неславно. По несреќата на помош му пришле случајни минувачи.

Која е позадината на инцидентот најверојатно ќе се знае во наредните денови.