За денеска со почеток во 12 часот шефот на државата Стево Пендаровски закажа седница на Советот за безбедност.
На дневен ред на седницата, која ќе започне во кабинетот на претседателот, ќе бидат безбедносната состојба во државата и евроатлантскиот регион.
Покрај членовите на Советот за безбедност, како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, на седницата ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски, и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.
Свикувањето на Советот на безбедност доаѓа во период на сè уште активната војна во Украина, но и по неодамнешните тензии на северот на Косово и ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток.