Потпретседателката на германскиот Бундестаг во посета на македонското Собрание

Во посета на Собранието денеска ќе престојува потпретседателката на германскиот Бундестаг, Ајдан Озогуз.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Озогуз ќе оствари средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.