Синот на Солза Грчева стана советник во градското собрание на Софија, таа со примитивни луѓе не сака да се дискутира, а ако ги сретне во живо знаеле како да се справи со нив

Синот на експратеничката Солза Грчева, на локалните избори во Бугарија освои советничко место во Градското собрание на Софија. Андреј Зографски е магистер по економија и експерт за сообраќај.

Коалицијата ПП-ДБ и „Спас за Софија“ од чии родови доаѓа Зографски има најмногу места во Советот на Софија – 23, додека ГЕРБ – СДС освои 14 мандати, БСП за Бугарија – 9, Преродба – 8. Тројца општински советници ќе има партијата на Слави Трифунов Има таков народ и КОД, а еден – ВМРО, објавија бугарските медиуми.

Гласачите во Софија во првиот круг не избраа градоначалник, а битката во вториот круг закажан за 5 ноември ќе се води меѓу Васил Терзиев од „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ и Вања Григорова од локалната коалиција „БСП за Бугарија“. Терзиев на гласањето на 29 ноември освоил 31,8 отсто од гласачите, а Григорова 21,59 отсто.

Втор круг ќе има и во 22 општини во Софија, соопшти Централната изборна комија.

По објавувањето на кандидатура на Зографски за советник од страна на политичката партија „Спас за Софија“, тој беше мета на политичките противници, а во кампањата против него беше споменувано и неговото македонско потекло и дури и политичките ставови на Грчева како антибугарска кампања.

Медиумите пишуваат дека пред да замине да работи во Софија, Зографски работел во компанијата „Кока Кола“ и оттаму е префрлен да продолжи со работата во истата компанија во Бугарија. Инаку, Зографски студирал во Љубљана а неговите колеги велат дека уште од тогаш покажувал симпатии кон Бугарија.

Кога започнаа пишувањата за нејзиниот син во Бугарија, Солза Грчева на фејсбук напиша дека не сака да коментира, но дека ако имаат среќа да се ги сретнат во живо тие што и се мешаат во фамилијата таа знаела како да се справи со нив. Во тој статус на фејсбук таа е потпишана како Солза Шопова Грчева. Како што и е познато на македонската јавност, таа е внука на познатиот македонски поет Ацо Шопов, затоа и оваа мешање на нејзиниот син во бугарската политика за многумина е огромно изненадување, а за некои и големо разочарување.