СЕДУМ ДЕНА БЕСПЛАТНО НА РОДОС – Премиерот на Грција најави: “Поради пожарот имаат право бесплатно да одмараат сите кои беа принудени да си заминат!“

Владата на соседна Грција ќе им понуди една недела бесплатен одмор на Родос на оние туристи кои беа принудени да го прекинат престојот на островот поради разорните пожари, најави денеска грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис. 

Грчката Влада во соработка со локалните власти ќе понуди една недела бесплатен одмор на Родос следната пролет или есен за сите кои го пропуштија одморот поради пожарот“, изјави Киријакос Мицотакис во гостувањето на британскиот канал ITV.

Тој истакнува дека големите пожари отсекогаш се случувале на Медитеранот, но дека нивниот обем е зголемен во последните години поради климатските промени. 

Имавме разорен пожар на Родос, но денес островот се врати во нормала и нема активен фронт“, вели Киријакос Мицотакис и нагласи дека при пожарот нема човечки загуби, а нема информации за повредени.

Успеавме да евакуираме 20.000 луѓе со големи безбедносни мерки“, вели Киријакос Мицотакис