Сека Алексиќ добила кокошарник од сопругот, а сега се почасти со нови животни (ФОТО)

Сека Алексиќ пролетните денови ги поминува на својот луксузен имот со синовите, а во нивното друштво се приклучија и нови членови.

Имено, Сека се пофали дека купила две јагниња, и покажа како ужива во пролетниот ден со нив.

Пејачката седела на тревата во дворот од својата куќа со новите миленици, а овие моменти ги сними со видео кое го сподели на својот Инстаграм профил.

– Боже, каква љубов – напиша таа во видеото.

Дружењето го заокружило нејзиното куче кое им се придружило, а пејачката целосно се препуштила на уживањето.

Да потсетиме, Сека Алексиќ ја изгради својата оаза на мирот во Стара Пазова, а се пишуваше дека нејзината вила чини дури половина милион евра.

Имено, Сека изградила дом за себе и за своето семејство далеку од градската врева. Многумина велат дека нејзината куќа личи на замок, а се наоѓа на сред поле.

Пејачката го изгради својот дом од соништата.

Во својот двор има базен, џакузи и кокошарник кои ги добила од сопругот Вељко Пиљикиќ за роденден.