СЕКА АЛЕКСИЌ УАПСЕНА ВО ЦИРИХ Осум часа во притвор: „Сопственикот на клубот ја плати казната“

Сека Алексиќ ноќта меѓу саботата и неделата беше приведена во Цирих, а сега проговори за „Блиц“ и откри што се случило.

Имено, како што раскажа Сека Алексиќ , полицијата дошла на нејзиниот настап во една дискотека во Цирих за да и ги провери работните дозволи, но утврдила дека работните дозволи не се соодветни, па пејачката и членовите на бендот биле приведени да дадат изјави.

– Полицијата дојде на нашиот настап и ги провери работните дозволи, утврди дека не се соодветни. И полицијата ми го зеде исказот и ја казни сопственикот за мене и за целиот бенд, изјави таа за Блиц.

Сека Алексиќ

Пејачката и бендот поминаа осум часа во притвор.

Да потсетиме и пејачката Јана Тодоровиќ минатата година беше приведена на аеродромот во Цирих бидејќи немала работна дозвола.

А пред две години на аеродромот во Германија беше уапсена и Теа Таировиќ, а вистинската причина за нејзиното приведување е наводно тоа што го надминала дозволеното работно време во таа земја, иако медиумите претходно пишуваа дека е уапсена затоа што 70.000 евра биле пронајдени кај неа.