Секој пат кога зборувате на мобилен телефон си ја уништувате убавината!

Читањето мали букви на екранот создава фини линии околу очите, а држењето на уредот до образот од топлина и нечистотија предизвикува мозолчиња.

Секој пат кога зборувате на мобилен телефон, ја ставате вашата кожа на ризик . Во свет во кој селфињата се секојдневна појава, неизбежно е да се користи мобилен телефон безброј пати на ден. Мозолчиња, брчки и темни дамки на кожата се само дел од негативните последици кои се појавуваат на нашето лице од користењето мобилни телефони.

Прочитајте неколку едноставни начини како да ја зачувате вашата кожа.

Брчки

Проблем: постојаното гледање во тастатурата ве повредува повеќе отколку што мислите. Гледајќи надолу долго време може да создаде т.н techneck – брчки под брадата и околу вратот, додека гледањето на ситни печати создава брчки околу очите.

Решение: Вратот и деколтето се едни од првите места каде што забележуваме знаци на стареење. Погрижете се да ги проширите сите ваши производи за нега и на таа област.

Алергии на кожата

Проблем: Кога ќе забележите осип на вашата кожа, размислете за фактот дека вашиот мобилен телефон можеби е главниот виновник. Неодамнешните истражувања покажаа дека хромот и железото од мобилниот може да предизвикаат кожна реакција наречена алергиски дерматитис.

Решение: Ако имате чувствителна кожа, ставете го телефонот во пластична футрола и покријте го екранот со проѕирна фолија за да спречите иритација на лицето и прстите.

Акни

Проблем: Дали знаевте дека вашиот мобилен телефон има повеќе бактерии од рачката на тоалетот?! Само помислете на сета шминка и пот што му ја оставате после секој разговор. Токму оваа нечистотија може да предизвика појава на мозолчиња на лицето.

Решение: Постојат многу различни начини за чистење на телефонот и не би било лошо да купите и пар слушалки.

Темни кругови

Проблем: LED светлото од телефонот може да влијае на квалитетот на спиењето. Синиот сјај што доаѓа од екраните на телефонот, компјутерот и таблетот може да го наруши нашиот внатрешен часовник, што ќе доведе до несоница.

Решение: Помалку сон значи повеќе темни кругови. Спречете го отокот и темните кругови со крем против стареење околу очите. Или уште подобро – користете будилник за да се разбудите.

Темни дамки

Проблем: Запомнете колку долги се вашите разговори. Прегревањето може да предизвика големи проблеми со кожата. Непотребната топлина го попречува производството на меланин пигмент и предизвикува темни дамки на кожата.

Решение: Погрижете се телефонот да не го допира вашето лице премногу долго. Ако сте сами, вклучете го микрофонот.