Бројот на жртвите од разорните земјотреси што минатиот понеделник ги погодија Турција и Сирија се искачи на повеќе од 37.000, но се стравува дека ќе биде многу поголем.
Бројот на жртвите од разорните земјотреси што минатиот понеделник ги погодија Турција и Сирија се искачи на повеќе од 37.000, но се стравува дека ќе биде многу поголем.
Во Турција досега загинаа повеќе од 31.600 луѓе. Додека спасувачките операции се уште се во тек, многумина ги обвинуваат турските власти за бавна и лоша реакција по земјотресот. Студеното време и оштетените патишта ја отежнуваат доставата на помошта. Турските власти уапсија повеќе од 60 лица поврзани со изградбата на зградите кои се урнаа.