СЕКОЈ СО ТЕЖИНА ОД 40 КГ – Бизарен случај во Италија: Човек починал кога врз него паднале илјадници парчиња сирење

Италијанец загинал под илјадници тркала сирење откако се олабавила полица во магацин во Ломбардија.

Падот предизвика домино ефект, како резултат на што се срушија илјадници парчиња сирење, секое со тежина по 40 килограми.

„Џакомо Чиапарини (74) загина кога се откачила полица во неговиот магацин во Ломбардија“, изјавил пожарникар Антонион Дуси за локалните медиуми.

Дуси изјави дека биле потребни 12 часа за да се извлече телото на Кјапарини.

Некои од тркалата паднале од височина од околу 10 метри, а еден локален жител за италијанските медиуми изјавил дека сирењето што паѓало звучело како гром.

Штетата е проценета на околу седум милиони евра.

Во магацинот, во регионот Романи ди Ломбардија, на околу 50 километри источно од Милано, имало 25.000 парчиња сирење „Грана Падано“, кое е тврдо сирење кое наликува на пармезан и е многу популарно во Италија.