Селфито ги запали мрежите: Бомбастичното деколте на Селена Гомез остава малку на имагинацијата

Социјалните мрежи се преплавени со фотографиите на пејачката и тие упорно ги коментираат.

Пејачката Селена Гомез ја подигна температурата на фановите со провокативните фотографии кои ги објави набрзо откако избриша слични селфи фотографии, а ние би можеле да ги окарактеризираме како нејзини најжешки изданија досега.

Музичката ѕвезда позираше со разбушавена коса само во црн градник без прерамки, а го пронајде најпредизвикувачкиот агол на камерата и им приреди вистинско уживање на своите фанови.

Сензуалниот поглед во камерата, брановите во косата и црвениот кармин придонесоа фотографиите да бидат уште попровокативни, а тие брзо стигнаа и до социјалните мрежи.

Тие веќе не се достапни на приказната на Инстаграм, но Селена „од досада“ за време на викендот успеа да ја разбуди имагинацијата и да биде во центарот на вниманието и да предизвика бура од коментари.