Сергеј Трифуновиќ зборуваше за прекршоците во Сплит и протерувањето и забраната за влез во Хрватска и ЕУ на една година.
Тој објасни дека сè започнало кога дошол на плажата Обоена со своето куче. Во петокот била повикана полиција бидејќи кучето не смеело да биде на плажа.
„Тој знак е покриен со 28 налепници и не можете да видите апсолутно ништо. Одиме на суд и во еден момент прашав „Вие навистина сакате да ме еб*те? Ова е окарактеризирано како навреда“, изјави тој за ТВ „Дневник Нова“.
Не ги нареков сите Хрвати усташи
Тој е спроведен во Судот за прекршоци. Вкупно, вели, платил 1.600 евра за казни. По излегувањето од судот истата вечер тој доби нова казна, а синоќа беше приведен на граничниот премин Бајаково, по што му беше изречена забрана за влез во Хрватска, цела Европска унија и уште три други земји.
„Јас не ги нареков сите Хрвати усташи, замислете некој сите Срби да ги нарече четници. Ги нареков луѓето кои сакаат така да се однесуваат без причина и мислат дека поради тоа што носат униформа можат да малтретираат некого без причина. Нема потреба да му се извинам на некого кого не сум навредил. Не навредив хрватски граѓани ниту било кого. Јас бев малтретиран од сплитските полицајци“, изјави актерот.
,,Никогаш повеќе нема да дојдам во Сплит, а што се однесува до казната, забрането ми е една година да доаѓам тука.