Јадете 3 урми дневно, го чуваат вашето здравје: Одлични се за варење, добри се за срцето, ја зајакнуваат концентрацијата (фото)

Урмите имаат богат вкус и се состојки во многу здрави закуски. Покрај тоа што многумина го сметаат за одличен десерт, ова хранливо овошје има и одлични здравствени придобивки. Затоа, тие треба да бидат вклучени што повеќе во оброците, десертите, пијалоците и да се јадат како здрава ужина. Ова се само дел од придобивките кои ова овошје ги дава за нашето здравје, а колку од ова овошје треба да јадеме дневно?

Тие не се само празни калории – тие се преполни со хранливи материи

Три урми имаат околу 200 калории, 54 грама јаглени хидрати, околу 5 грама влакна, еден грам протеини и немаат масти. Оваа количина на овошје обезбедува многу витамини вклучувајќи ги витамините Б, К, потоа калциум, калиум, магнезиум, железо, цинк и манган.

Урмите имаат бројни антиоксиданси

Во споредба со слично овошје (смокви и сливи), урмите имаат најголема содржина на антиоксиданси, според Националната медицинска библиотека. Урмите содржат флавоноиди кои можат да помогнат во намалувањето на воспалението, а исто така е проучено нивното влијание врз намалувањето на ризикот од дијабетес, Алцхајмерова болест и одредени видови на рак.

Каротеноидите имаат позитивен ефект врз здравјето на срцето и можат да го намалат ризикот од нарушувања на очите. Фенолната киселина е позната по своите антиинфламаторни својства и помага да се намали ризикот од рак и срцеви заболувања.

Тие се природни засладувачи

Урмите се извор на фруктоза, природен вид шеќер кој се наоѓа во овошјето. Поради оваа причина, урмите се многу слатки и имаат суптилен вкус на карамела. Затоа се одлична замена за белиот шеќер во рецептите бидејќи се одличен извор на влакна и антиоксиданси.

Најдобар начин да ги користите како засладувач е да направите паста од нив така што ќе ги изматите со малку вода во блендер. Правилото е шеќерот да се замени со паста од урми во сооднос 1:1. Ако рецептот бара 1 чаша шеќер, ќе го замените со 1 чаша паста од урми.

Важно е да се истакне дека иако урмите се богати со хранливи материи, тие содржат многу калории, па затоа најдобро е да ги консумирате умерено.

Тие се богат извор на влакна

Една порција урми содржи околу 7 грама влакна. Тие можат да бидат корисни за варењето и да го спречат запекот преку помагање на редовното празнење на дебелото црево.

Во една студија, беше забележано дека 21 лице кои консумирале 7 урми дневно во текот на 21 ден, имале подобрување во зачестеноста на столицата и значително зголемување на празнењето на цревата во споредба со луѓето кои не јаделе урми.

Влакната од урмите се корисни и за контрола на шеќерот во крвта. Влакната го забавуваат варењето и помагаат да се спречи брзото зголемување на нивото на шеќер во крвта после оброк.

Урмите имаат корисен ефект врз здравјето на мозокот

Лабораториските студии покажаа дека конзумирањето урми може да биде корисно за намалување на воспалителните маркери како што е интерлеукин 6 (IL-6) во мозокот.

Високите нивоа на IL-6 се поврзани со поголем ризик од невродегенеративни болести како што е Алцхајмерова болест.

Потенцијалните својства на урмите за зајакнување на мозокот се припишуваат на нивната содржина на антиоксиданси познати за намалување на воспалението, вклучително и флавоноиди.

Секако, потребни се дополнителни студии за да се докажат позитивните својства на ова овошје на мозокот.