Серена Вилијамс призна дека психички не е добро, па ја покажа ќерка си велејки: „Ме прави среќна“ 

Серена Вилијамс на својот профил на платформата „Х“ објави емотивна фотографија со најмладата ќерка.

Тримесечната ќерка Адира Ривер безгрижно спиела на градите на мајка си.

-Ова многу ме радува – напишала Серена со сликата.

Пензионираната тенисерка ја објави оваа слика набргу откако на Инстаграм откри дека имала тежок ден.

Таа ја покажа својата ранлива страна поради нејзиното ментално здравје.

– Денеска не се чувствувам добро. И тоа е во ред – дека не си во ред. Никој не е добар секој ден. Ако не се чувствувате добро денес, јас сум со вас. Секогаш постои утре. Те сакам – напиша Серена.

Инаку, Серена со сопругот Алексис Оханијан ги има ќерките Олимпија и Адира.