СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ – Силвио Берлускони заврши на интензивна нега откако беше пуштен од болница минатата недела

Поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони е на интензивна нега во болница во Милано, соопшти политички извор за медиумската агенција Reuters во средата.

Берлускони, кој четири пати беше премиер на Италија, во последните години имаше бројни здравствени проблеми, а минатата недела беше пуштен од болница.

Болницата San Raffaele не одговори веднаш на барањето за коментар од страна на италјанските медиуми за здравствената состојба на Берлускони.

Италијанската медиумска агенција AGI соопшти дека Берлускони е на одделението за срцева интензивна нега. Повеќе информации наскоро.