СЕРИЈА ЕКСПЛОЗИИ ВО КИEВ! Русите го извршија најсилниот напад на главниот град на Украина во последниот месец

Воздушно предупредување е издадено во повеќе региони – Киев, Черкаси, Чернихив, Суми, Харков, Полтава, Днепропетровск, Николаев, Кировоград и Керсон.

Серија експлозии се случија во Киев , јавија утрово украинските медиуми.

Шефот на градската воена управа Сергеј Попко објави дека пожарот избувнал во нестанбена зграда .

Воздушната тревога е објавена во повеќе региони – Киев, Черкаси, Чернихив, Суми, Харков, Полтава, Днепропетровск, Николаев, Кировоград и Керсон, пренесува Унијан.

На социјалните мрежи луѓето тврдат дека ова бил најсилниот руски напад врз Киев во последниот месец.

Агенцијата наведува дека украинската противвоздушна одбрана работи, а властите апелираат до граѓаните да се засолнат на безбедни места.