Сестрите Кардашијан се евакуирани од своите домови, пожарот ја загрозил и нивната населба

Сестрите Кардашијан ги напуштија своите домови во Хиден Хилс откако пожар во Лос Анџелес им се закани на нивното соседство. Ким, Курти, Клои, Кајли, Кендал, Крис и Роб ја следеа наредбата за задолжителна евакуација бидејќи пожарот Кенет се прошири за само неколку часа.

Наредбата за евакуација сега е укината, па не се знае дали се вратиле во своите домови. Во акцијата за помош на пожарникарите и на сите вклучени во гаснењето и запирање на ширењето на пожарот се вклучија и сестрите Кардашијан.

Тие одлучија да финансираат оброци кои беа доставени до неколку противпожарни станици во Лос Анџелес, а дополнително, тие одлучија да донираат пари на организации кои помагаат на поширокото подрачје на Лос Анџелес во процесот на опоравување од пожари.

Потсетуваме, освен сестрите Кардашијан, домовите мораа да ги напуштат и многу познати личности, а на некои од нив целосно им изгорело се.

Како резултат на пожарите, повеќе од 100.000 луѓе беа евакуирани, а пожарите уништија речиси 30.000 хектари земја, оставајќи илјадници згради во урнатини.