Сестро, денес се чувствувам многу подобро! Последните зборови на познатиот фудбалер кријат трагична животна приказна (видео)

Не можете да тврдите дека сте познавач или фудбалски љубител, ако никогаш не сте слушнале за Шандор Кочис.

Иако играше во 1950-тите, Кочис остави неизбришлива трага во историјата на овој спорт.

Статистички гледано, Кочис е најдобриот стрелец во историјата на фудбалот. Во дресот на унгарската репрезентација на 68 натпревари постигна 75 голови, односно имаше просек од 1,10 голови по натпревар. Веднаш по него е славниот Германец Герд Милер, кој постигна 68 гола на 62 натпревари, односно имаше просек од 1,09 голови по меч.

Кочис беше единствениот играч во светот кој постигна седум хет-трик за националниот тим.

Животната приказна на еден од најдобрите унгарски фудбалери беше премногу тажна, тој не можеше да се носи со судбината која не го штедеше, а го спушти од ѕвездите директно на маки кои немаше сили да ги издржи.

Многумина го познаваа Кочиc по прекарот „Златна глава“, бидејќи постигнуваше голови и со лева и со десна нога, но и со глава, што тогаш беше многу поретко од денес. Англискиот печат еднаш објави наслов „Главата на Шандор Кочиш е втора во светот, веднаш по Черчил“.

Шандор, кој како дете го добил прекарот „Коцка“, е роден во Будимпешта на 21 септември 1929 година. Неговиот татко столар му ги направил првите фудбалски копачки и топка oд партали со која вежбал секој ден до својата 16-та година. Вежбаше со двете нозе, и не дозволувашњ топката да падне на земја.

На 16 години, веднаш по завршувањето на Втората светска војна, почнал да тренира во Ференцварош.

Така помина четири години и на 84 натпревари постигна 67 гола. Од 1950 година играше во Хонвед, каде до 1956 година постигна 177 гола на 160 натпревари. Стана првиот играч кој играл во странство.

Во 1956 година во Будимпешта избувна востание, интервенираа Советите, а репрезентативците кои беа на турнеја во странство не сакаа да се вратат. Една година ги носеше боите на фудбалскиот клуб од Цирих, а потоа замина во Барселона, каде што настапуваше од 1958 до 1965 година, каде и се пензионира.

Во исто време боите на Реал ги бранеше и славниот Ференц Пушкаш, соиграч од репрезентацијата.

Се испроба како тренер, но не остави посебен белег.

Во Барселона отвори два локала „Златна глава“ и „Син Дунав“, каде целосно се оддаде на алкохол. Неговата поврзаност со алкохолот започнала во текот на кариерата, бидејќи не можел да се носи со големиот притисок, а како пензионер само „додавал гас“.

Во 1974 година му била дијагностицирана тромбоза, по што кратко време му била ампутирана ногата. Потоа рак на желудникот и на крајот леукемија.

Веќе беше тешко болен кога кон крајот на седумдесеттите за последен пат стапна во својата татковина и го слушна тој познат звук на виолините на улиците на Будимпешта. Очевидци велат дека тоа чувство не може да се опише со зборови…

Последните денови од животот ги помина во клиниката „Кирон“ во Барселона. Беше 22 јули 1979 година, кога светот беше шокиран од веста – Шандор Кочис се самоуби скокајќи од четврти кат. Многумина, сепак, се сомневаат во официјалната верзија и веруваат дека тој случајно се лизнал и паднал. До денес не е целосно разјаснето што точно се случило. Имаше само 49 години.

Само неколку часа претходно, при редовна посета, Кочис бил необично расположен и благо насмеан. Во полицискиот извештај се запишани неговите последни зборови: „Па, сестро, денес веќе се чувствувам многу подобро“.

,,Се плашеше од смртта и не го криеше тоа, само сакаше да летне уште еднаш“, гласеше првиот прилог на шпанските медиуми пред болницата.

Според сите критериуми, Шандор Кочис е еден од најголемите голгетери од почетокот на фудбалот, а според мислењата на многу стручњаци нему му нема рамен.