Пукаше во најдобриот другар а потоа беше во бегство 3 децении! Уапсен е еден од најбараните криминалци – еве каде се криел 32 години (видео)

Грег Лосон од Луизијана, кој избега во 1991 година за време на судењето за обид за убиство, конечно е фатен по повеќе од три децении.

Тој со години се криеше во Мексико, а беше еден од најбараните криминалци на списокот на ФБИ.

Апсењето е извршено благодарение на дојава, се вели во соопштението објавено од одделот на ФБИ во Њу Орлеанс.

Лосон исчезна пред 32 години, непосредно пред поротата да го прогласи за виновен за обидот за убиство на Сет Гарлингтон.

По неговото бегство, полицијата го пронашла неговиот камион паркиран недалеку од судот, но тие не знаеле ништо за Лосон.

„Нема сомнеж дека г-дин Лосон сè уште можеше да биде во бегство доколку нашите партнери во Мексико не беа подготвени да се справат со ова толку брзо“, рече Даглас А. Вилијамс, специјален агент на ФБИ во Њу Орлеанс.

Во 1991 година, Лосон го турна возилото на Сет Гарлингтон од автопатот и почна да го удира на паркинг на бензинска пумпа. Двајцата биле пријатели од детството.

– Не можеа да ги решат работите со тупаници, па ги извадија пиштолите – рече Рајани Еванс, пријател на Лосон.

Гарлингтон беше застрелан, но преживеа.

Лосон беше уапсен, но побегна пред да биде изречена пресудата. ФБИ понуди 10.000 долари награда за неговото апсење во 2007 година со надеж дека ќе го реши случајот.

Агентите на ФБИ добиле информации дека Лосон бил забележан во странство и претпоставувале дека се крие во Мексико.

Еванс рече дека Лосон продолжил да „бега“ благодарение на влијателно семејство. Додала и дека тој бил многу расположен и весел.

– Уживаше да биде опкружен со контроверзии, го сакаше тоа – рекол пријател на уапсениот.