Сеул: Северна Кореја лансираше крстосувачки ракети

 Пријавеното лансирање на проектили се случило еден ден пред Јужна Кореја и САД да ги завршат своите 11-дневни воени вежби.

 Северна Кореја лансираше крстосувачки ракети, објавија јужнокорејските медиуми.

„Војската на Јужна Кореја го забележа лансирањето од областа Хамхун на источниот брег на северот“, објави сеулски „Јонхап“, цитирајќи анонимни извори.

Пријавеното лансирање на проектили се случило еден ден пред Јужна Кореја и САД да ги завршат своите 11-дневни воени вежби.