Сејдиу и одговара на Петровска: Внимавај со Желино

Градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу и одговори на министерката за одбрана Славјанка Петровска за нејзините критики за оваа општина, која јасно стави до знаење дека не го поставува споменикот во Карпалек за загинатите Македонски војници во заседа што се случи во 2001 година.

Еве го целосниот одговор на Сејди:

Несреќа за нашата држава е да има таков министер за одбрана, кој дава скандалозна изјава со која ја навредува општина Желино и сите нејзини граѓани без разлика.

Навистина не очекував ваква аматерска изјава од министер. Со оваа изјава сериозно е нарушен имиџот на целото Министерство за одбрана, бидејќи верувам дека оваа институција има многу добри луѓе кои не го делат истото мислење како министерот.

Министерке Петровска, нема да ви се обраќаме со пристап како што обвинувате, непочитувате и навредувате цела општина, само затоа што рековме да го почитуваме законот, затоа што сме научиле да почитуваме и да живееме со другите.

Министерке Петровска, за општина Желино веројатно не знаете повеќе од „Карпалак“. Овде имаме Албанци и Македонци со кои живееме и соработуваме за развој на државата во која живееме.

Како министер за одбрана од вас барам само едно, што поскоро јавно да им се извините на граѓаните на општина Желино за обвинувањата и навредите искажани од Ваша страна. Не е ниту етички ниту институционален министер за одбрана на овој начин да го крши кодот за јавна комуникација, да го нарушува имиџот на министерството што го води и со навреда и неосновано обвинување друга институција, која е избрана од нејзините граѓани“, нагласи Сејдиу. .