Корозија во Пчиња, револт кај жителите

Проблемот со ископот во коритото на реката Пчиња во Долно Коњаре не се решава. Жителите од овој крај се револтирани, бидејќи како што велат, фирмата „Еуропрогрес“ веќе неколку дена продолжува со работа на терен.

Ова се случи откако Управниот суд донесе одлука за отфрлање на одлуката на Владата за еднострано раскинување на договорот за концесија, со која компанијата и дава право да ги експлоатира минералните суровини со чакал и песок. Жителите бараат Владата и Министерството за економија јавно да реагираат на ваквата состојба бидејќи како што велат се чувствуваат напуштени од институциите. Жителите на Долна Коњаре и околните села велат дека нема да дозволат да им се уништи државата и доколку институциите не преземат никакви чекори, тогаш ќе протестираат со блокирање на автопатот и главните раскрсници на главниот град.

„Пред овие да почнат да копаат, ливадата се косеше 4 пати годишно. Сега се коси само еднаш, бидејќи нивото на водата паднало. И во пченицата порано имало од 4 до 5 тони, сега има најмногу 2 тона пченица. Дури и во вода за пиење. Сите пиеме од бунари. Од 6 метри бевме принудени да продолжиме на 9 метри, повторно се изгуби водата, отидовме на 12 метри. Значи, нивото на водата е намалено за 6 метри. Над 30% овде се занимаваат со земјоделство. Некој што треба да го штити интересот на граѓанинот, не го штити. Ние како месна заедница ќе одржиме состанок со сите жители на селото и ќе донесеме одлука што верувам дека ќе биде целосна блокада“, рече Халим Емини-жител на Коњаре.

Велат дека се незадоволни од неефикасноста на администрацијата во Владата, која и по три судски седници не успеале навреме да испратат докази до Судот зошто е направено едностраното откажување на концесијата.

„Нашиот апел до Владата е да се придржува до доказите што ги обезбеди Инспекторатот за животна средина кога го водеше Ана Петровска, дека концесионерот го прекршил договорот за концесија. А Министерството за економија нема доволно аргументи и факти за доделување на таа концесија, бидејќи доказите докажаа дека концесијата е доделена со кршење на законите“, додаде Сенад Самиќ, жител на Коњаре.

Од Инспекторатот за животна средина велат дека не добиле известување дали постапиле согласно решението на Управниот суд. Инспекторатот побара од Министерството за животна средина да се изјасни какви мерки треба да се преземат за оштетување на коритото на реката Пчиња. Додека Министерството за економија бара во најкус можен рок да се изјасни за можноста за корекција на границите на површината дадена под концесијата според член 131 од Законот за води. Во членот 131 се дефинирани правилата за тоа кога е забрането и кога се дозволува копање на коритото.

„На 07.08.2023 година Инспекторатот за животна средина преку инспектори за води изврши увид и истиот беше објавен на официјалната Фејсбук страница на Инспекторатот. Извештајот од надзорот е доставен до Министерството за економија и Министерството за животна средина“, велат од Инспекторатот за животна средина.

Алсат неколку пати се обиде да стапи во контакт со менаџерите на компанијата „Еуропрогрес“, но тие не сакаа да разговараат. Министерството за економија веќе неколку години и дава концесија на компанијата „Еуропрогрес“ за користење на песок надвор од коритото на реката Пчиња што минува низ Коњаре. Концесијата беше доделена во 2019 година, а продолжи во 2021година. Во 2021 година беше кажано дека концесијата што Министерството за економија и ја дала на компанијата „Еуропрогрес“ за експлоатација во реката Пчиња е во спротивност со Законот за води. Ова е констатирано од теренскиот увид извршен од Инспекторатот за животна средина и Управата за хидрометеоролошки работи. Една од неправилностите на кои се среќава е тоа што реката длабоко навлегла во парцелата дадена во концесијата.