Ако често се борите со негативните мисли, виновна е лошата навика, предупредуваат експертите. Имено, станува збор за недостаток на сон.
Истражувањето објавено во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences покажа дека недостатокот на сон го оневозможува вашиот мозок да се одбрани од негативните мисли.
Одамна знаеме дека лошиот сон е главниот фактор за регулирање на емоциите, но научниците дури сега ја утврдија причината. Истражувачите од Универзитетот во Јорк и Универзитетот во Источна Англија тестирале 85 здрави возрасни лица. Едната група спиела цела ноќ, додека другата останала будна.
Користејќи најсовремена технологија, тие ја анализирале нивната мозочна активност притоа покажувајќи им фотографии од различни лица и сообраќајни несреќи, тепачки и слично. Потоа од нив беше побарано да се потсетат или да ги потиснат спомените поврзани со секое лице.
Резултатите беа неверојатни: Луѓето кои спиеле во текот на ноќта покажале многу поголема активност во десниот дорзолатерален префронтален кортекс (команден центар на мозокот за мисли, акции и емоции) кога ги потиснуваат негативните спомени.
Од друга страна, групата луѓе кои останале будни се бореле да ги задржат своите негативни мисли под контрола, покажувајќи помала активност во споменатиот дел од мозокот.