Се венчаа Дилета Леота и Лорис Кариус: Објавени првите фотографии од прославата

Оваа сабота, една од најпознатите спортски новинарки во светот, Дилета Леота се омажи за фудбалерот Лорис Кариус на романтична церемонија на островот Вулкано во Италија.

Романтичната церемонија се одржа на локација со поглед на море и украсена за таа прилика со цвеќиња и бели рози. На социјалните мрежи невестата и гостите ги споделија првите фотографии и видеа од настанот.

Дилета прошета по долгиот бел тепих во придружба на нејзиниот татко, а фудбалерот на Њукасл чекаше пред олтарот. Тука беше и малата Арија, ќерката што парот ја доби минатиот август.

„Она што отсекогаш сум го сакала“, напиша Дилета покрај првите фотографии од венчавката на Инстаграм, а напишала и на венчаницата.

На свадбата имаше повеќе од 160 гости, меѓу кои: Кјара Ферањи, Елизабета Каналис, Мишел Хунцикер и Аурора Рамацоти.

Дилета и Лорис во ноември минатата година потврдија дека се во врска. Тогаш папараците ги снимиле додека се шетаат низ Милано држејќи се за рака.

На почетокот на 2023 година, таа објави видео на TikTok што предизвика многу обожаватели да шпекулираат за нејзината бременост. Парот набрзо ја потврди оваа вест. Дилета ја роди ќерката Арија на нејзиниот роденден – 16 август.