„СЕ ГЛЕДАМЕ НА ДРУГАТА СТРАНА“ Последното видео од девојката која почина во Белград по операција во Турција

Британка која почина во Белград по операција на желудникот во Турција, објави видео на TikTok неколку дена пред операцијата.

Морган Рибеиро (20) закажа операција во Турција, откако наводно со години трпела малтретирање поради нејзиниот изглед.

Таа заедно со своето момче отпатува за Турција каде на 5 јануари имаше закажана операција на стомакот.

Неколку дена пред операцијата таа објави видео на TikTok, кое за жал и е последно.

„Мојата последна објава пред операцијата за слабеење – се гледаме на другата страна “, напишала таа на видеото, на кое се гледа како Морган на крај дава знак за мир .

@m0rg4n.m4ri4

My surgery date is 5/1/24 IF YOU WANT TO FOLLOW MY JOURNEY IVE TAGGED MY WLS ACCOUNT ❤️

♬ Confidence (sped up version) – Ocean Alley

Три дена по операцијата ѝ било кажано дека е безбедно да си оди дома. Но, на Морган и се слошило за време на летот за Лондон, поради што авионот принудно слетал на аеродромот во Белград.

Морган развила инфекција откако во текот на процедурата и беше исечено тенкото црево.

На 20-годишна жена и беа отстранети повеќе од 10 см од тенкото црево, но потоа на 9 јануари доживеа срцев удар . Таа била ставена во индуцирана кома, но четири дена подоцна починала во болница во Белград.

Нејзината мајка Ерин Гибсон (44) сега се обидува да собере повеќе од 10.000 евра за да го донесе телото на нејзината ќерка дома.