Голема фонтана ќе го краси мини плоштадот во село Драчево. Фонтаната се гради на 30 квадратни метри и ќе биде целосно осветлена. Во нејзина непосредна близина се реконструира детското игралиште, а просторот ќе биде дополнет со нова урбана опрема, соопшти Општина Кисела Вода.
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски денеска го посети овој мини сквер, каде се собираат жителите на селото Драчево.
– Продолжуваме со оплеменување на просторот и додавање нови содржини за нашите жители низ цела општина Кисела Вода. Денес сме во селото Драчево, каде градиме фонтана, која ќе го разубави ликот на оваа локација, популарна за дружење и разонода. Со оглед на тоа што чести посетители тука се најмладите, го реконструираме и детското игралиште, изјави Ѓорѓиевски.
Тој информира дека целиот простор ќе биде надополнет со нови клупи и корпи за отпадоци.