Се зголемуваат цените на хотелските услуги во Македонија

Кумулативниот индекс на цените на хотелските услуги за периодот јануари – јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, е зголемен за 13,3 отсто, а во однос на декември 2022 година е зголемен за 2,8 отсто.

Според податоците на Државната агенција за статистика, индексот на цените на хотелските услуги во јуни 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 12,2 отсто.

Индексот на цените на хотелските услуги во јуни 2023 година во однос на мај 2023 година е зголемен за 0,3 отсто. Споредено по групи на услуги, пораст е забележан во групите Храна за 0,2, Алкохолни пијалаци за 1 и Безалкохолни пијалаци за 0,5 отсто.