Кумулативниот индекс на цените на хотелските услуги за периодот јануари – септември 2024 година во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 отсто, а во однос на декември 2023 година е зголемен за 2,8 отсто.
Според податоците на Државната агенција за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во однос на август 2024 година е зголемен за 0,2 отсто.
Споредено според услужните групи, раст е забележан кај групите храна за 0,3 отсто, алкохолните пијалаци за 0,3 и безалкохолните пијалоци за 0,1 отсто.
Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 5,2 отсто.